Иако магазините се полни со фотографии од славните мајки кои после само неколку недели од породувањето се сликаат во бикини и ја истакнуваат својата совршена фигура, научниците ги уверуваат мајките дека немаат причини за грижа и да не си поставуваат себе си нереални цели…
Доколку секоја од нас го зема здраво за готово сето она што ни се пласира, тоа би значело дека мајките за само шест недели откако на свет ќе донесат дете, би требало својата фигура да ја донесат до совршенство.
Меѓутоа, многумина се уверија во тоа дека тоа се нереални очекувања, а сега со тоа се сложуваат и научниците. Имено, една студија од Универзитетот Салфорд од Англија востановила дека шестнеделното опоравување после породувањето е мит е дека на повеќето жени им е потребно многу повеќе време за повторно да се почувствуваат “нормално”.
Докторката Џули Вреј направила истражување за да утврди точно колку време им е потребно на мајките за да се опорават после породувањето. Со учесничките се водени разговори две до три недели после породувањето, три месеци и повторно после шест месеци по породувањето.
“Мајчинството во првите денови може да биде голем шок, посебно за оние жени кои само што се оствариле на тоа поле. Дури и оние мајки кои пет пати по ред родиле, можат да се најдат во море на валкани пелени, неиспрани алишта и високи очекувања. Шест недели е многу краток период, дури и ако само се посветите самите на себе си, а да не зборуваме за тоа дека имате уште една мала личност за која треба да се грижите, а не сте сосем сигурни како тоа би требало да изгледа”, заклучува докторката Вреј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.