| четврток, 6 декември 2018 |

Конте: Ништо не е готово, играчите треба да сфатат дека не е освоена титулата

Вчера екипата на Челси славеше убедлива победа од 3-1 над градскиот ривал Арсенал со што ја потврди фаворитската улога за освојување на Премиер лигата оваа сезона. Сепак, менаџерот на „сините“, Антонио Конте, смета дека шампионот не е решен и дека неговите момци можат многу лесно да ја прокоцкаат предноста која ја имаат зад останатите екипи.

– Не ја освоивме титулата. Тоа е најважно да го знаат моите момци за да во следните мечеви повторно да го дадат максимумот. Јас во мојата кариера сум победувал, но и губел. Играв три финалиња од Лигата на шампионите, а победив на само едно. Ја загубиб титулата во ситуација слична како оваа со Челси – вели Конте.

Челси веќе подолг период е на чело на Премиер лигата, а сега со 59 бода има високи 9 бода предност зад второпласираниот Тотенхем, 10 во однос на Манчестер Сити и дури 13 пред Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top