Вчера наутро во 4,35 часот се случила сообраќајка во Велес, во која со тешки телесни повреди се здобил совозачот 21 годишниот И.А. од Велес.
Сообраќајката се случила откако 18-годишниот Б.Д. од Велес удрил во бетонски ѕид на кружниот тек на улицата „Алексо Демниевски“.
Совозачот со тешки телесни повреди бил пренесен ЈЗУ-Велес каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредата, истиот бил пренесен на Клиничкиот центар во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Велес. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.