| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка во Велес: 18-годишно момче удрило во бетонски ѕид, совозачот е тешко повреден

Вчера наутро во 4,35 часот се случила сообраќајка во Велес, во која со тешки телесни повреди се здобил совозачот 21 годишниот  И.А. од Велес.

Сообраќајката се случила откако 18-годишниот Б.Д. од Велес удрил во бетонски ѕид на кружниот тек на улицата „Алексо Демниевски“.

Совозачот со тешки телесни повреди бил пренесен ЈЗУ-Велес каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредата, истиот бил пренесен на Клиничкиот центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Велес. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top