| четврток, 6 декември 2018 |

Со звукот на сирените за тревога: Деактивирана бомба во Белград

Авионска бомба од Втората светска војна која е пронајдена во текот на изградбата на „Белград на вода“ во улицата „Савска“ во Белград е деактивирана.

Како што јавуваат медиумите во Србија, бомбата ја уништиле припадниците на секторот на Министерството за внатрешни работи за вонредни ситуации, а претходно се чуле и звуците на сирената за тревога.

Поради безбедноста биле затворени неколку улици, а во околината бил запрен и сообраќајот.

Бомбата беше пронајдена неодамна на девет метри длабочина, има околу 500 килограми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top