| четврток, 6 декември 2018 |

Виена: Уапсени 22 Чеченци

Криминалистичката полиција на австриската престолнина Виена привела на сослушување 22 доселеници од Чеченија, кои со оружје се уапсени ноќта кон саботата, во областа Флоридсдроф, потврди портпаролот на полицијата Томас Кајблингер.

– Криминалистичката полиција во моментов сослушува 22 приведени, на возраст меѓу 25 и 50 години. Станува зор за можна вмешаноста на приведените лица во криминална група. Истрагата се води во тој правец – изјави Кајблингер за агенцијата ТАСС.

Според австриските закони, приведените во полициски притвор може да остана 48 часови. Потоа обвинителството може да побара притвор или мерка притворените да бидат ослободени со кауција.

Полицијата додаде дека за притворените од изминатата ноќ нема докази кои укажуваат на некакви терористички намери.

Австриската агенција APA наведува дека операцијата ја извршиле припадници на специјалните полициски сили „Вега“, откако во снегот биле откриени пиштол и автомат. Некои приведените рекле дека само се шетале, а други дека биле на свадбена церемонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top