По ремито на „Мендизороза“ против Алавес и Куп поразот од Барса, фудбалерите на Атлетико Мадрид на Диего Симеоне им се вратија на победите во Примера, откако полесно од предвиденото, попладнево на „Висенте Калдерон“ го совладаа новиот прволигаш Леганес со 2-0 и му се реваншираа на помладиот градски ривал за ремито без голови на почетокот од септември минатата година.
Двоен стрелец на овој меч беше Фернандо Торес кој ја искористи одбиената топка по промашениот пенал на Гризман и ја смести во мрежата на гостинскиот голман во 15 минута.
Во второто полувреме уште еден гол на Торес откако искористи една грешка на противничката одбрана.
„Јорганџиите“ преку Французите и Гаитан имаа многу шанси и за трет гол, но одлучија да го намалат интензитетот на натпреварот и рутински да го приведат дуелот кон крај со 2-0.
На табелата, Атлетико Мадрид стигна до 39 бода, што е седум помалку од лидерот Реал Мадрид, кој има два натпревари помалку во споредба со екипата на Симеоне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)