Монако се зацврсти на врвот од табелата во Франција, откако со 3-0 ја доби дерби пресметката против Ница во 23. коло од Лига 1.
По првото полувреме без голови, Монако дојде до триумфот благодарение на трите погодоци во вториот дел. Најпрво Гермаин погоди во 47. минута, а потоа Фалкао со два гола, во 61. минута и во 80. минута, донесоа значајна победа за Монако од 3-0.
По овој триумф, Монако сега е осамен лидер со 52 бода, додека Ница остана на 49 бода. На третото место е ПСЖ со 46 бода, но и натпревар помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)