Барселона го совлада Атлетик Билбао со 3-0 и се доближи на само еден бод негатива во однос на лидерот Реал Мадрид, иако „кралевите“ во моментов имаат одиграно два натпревари помалку од каталонскиот тим. Пако Алкасер по подолг период беше стартер во составот на каталонскиот тим и му се оддолжи на Луис Енрике со погодок во 18.минута.
Пред крајот на првиот дел Лионел Меси зголеми на 2-0, а во второто полувреме и Алеиш Видал ја затресе мрежата на Атлетик Билбао за убедлив триумф на Барселона од 3-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)