Баерн Минхен не успеа да оствари нов триумф во Бундес-лигата, ремизирајќи 1-1 на домашен терен против Шалке 04. Роберт Левандовски го отвори резултатот во деветтата минута, но само четири минути подоцна Налдо возврати на спротивната страна. Шалке имаше убава шанса во првиот дел и за целосен пресврт, но ја погоди стативата, а баварскиот клуб одигра очаен натпревар иако имаше неколку изгледни шанси за гол, но избраниците на Карло Анчелоти немаа свој ден и слабата реализација во финишот од нападите си го сторија своето.
Дербито на колото се игра во Дортмунд каде Борусија го пречекува второпласираниот Лајпциг во терминот од 18.30 часот.
Резултати Германија: Борусија М. – Фрајбург 3-0, Баерн Минхен – Шалке 1-1, Келн – Волфсбург 1-0, Херта – Инголштад 1-0, Хофенхајм – Мајнц 4-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)