| четврток, 6 декември 2018 |

Мизеријата на Ливeрпул во Премиер лигата продолжува, Евертон му ја наполни мрежата на Бурнемут (видео)

hal

Продолжува мизеријата на Ливерпул и во Премиер лигата, по елиминацијата и во ФА Купот. „Црвените“ во 24. коло од Премиер лигата и петти едноподруго натпревар се без триумф, овој пат запишувајќи пораз од 2-0 на гостувањето против претпоследниот тим во лигата, Хал.

Триумфот на домашните беше најавен преку Н’Диаје во 44. минута од средбата, а поразот на четата на Јирген Клоп им го запечати Ниасе во 84. минута.

Дефинитивно доведувањето на Марко Силва на местото менаџер на Хал Сити е најдобриот потег на раководството на „тигрите“ оваа сезона. На почетокот на сезоната Хал беше лесен тренинг за останатите екипи, но под водство на поранешниот тренер на Олимпијакос, тимот игра како препороден и заслужено извојува голема победа над Ливерпул од 2-0, откако пред само три дена остана непоразен и во дуелот со Манчестер Јунајтед.

Во 2017 година „црвените“ во сите натпреварувања успеаја да слават само еднаш во десет меча.

На „Гудисон Парк“ и на „Селхартс Пакр“ се одиграа најлудите мечеви од ова коло во Премиер лигата. Евертон со четирите гола на Лукаку и по еден на Баркли и МекКарти славеше висока победа од 6-3 против Борнмут, додека Сандерленд ја забележа најубедливата победа оваа сезона, откако со 4-0 го совлада лондонски Кристал Палас.

Фудбалерите на Вест Хем се потрудија Славен Билиќ да остане на клупата на „чеканите“ и го победија Саутемптон на гости со 3-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top