| четврток, 6 декември 2018 |

Наградата „Гоцева мисла“ доделена на Ошлис, Калоѓера, Јанаќковиќ и Шабани

Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, годинашната меѓународна награда “Гоцева мисла“ им се доделува на Волф Ошлис од Германија, Горан Калоѓера од Хрватска, Лилјана Јанаќковиќ од Србија и Ресул Шабани од Македонија.

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија Презент, а досегашни добитници беа: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија) и Звонко Танески (Македонија).

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.

Доделувањето на наградите е во рамките на традиционалната меѓународна манифестација Фестивал на чајот и читањето, која и годинава ќе започне на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, а ќе заврши на 8 март оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top