| четврток, 6 декември 2018 |

Колапс на ГП „Дојран“, километарски колони, се чека и по 2 часа (ВИДЕО)

Граничниот премин Богородица останува затворен и денес, на Дојран се чека од 1 до 2 часа за влез во Грција –
објаснуваат за Канал 5 од грчката полиција на двата гранични премини. Земјоделците продолжуваат со блокадите на
патот пред границата со Македонија и за време на викендот, преминот останува и шести ден затворен, блокадата ќе
продолжи и во текот на утрешниот ден. Што ќе се случува од понеделник, дали ќе го отворат патот или ќе продолжат
со блокадата грчките земјоделци ќе решат утре вечер на нов состанок.
На Дојран, има 5 километарска редица со камиони кои од Грција чекаат да влезат во
Македонија. Во спротивниот правец пак, за влез во Грција, грчките службеници за Канал 5
утрово рекоа дека има доста возила а се чека од 1 до 2 часа.
Редица возила според информациите на Канал 5, се заглавени во просторот меѓу
македонската и грчката граница на Дојран. Македонски возачи велат дека чекаат над 2 часа, а
колоната се движи доста бавно.
И земјоделците и транспортните компании во изминатите денови во Грција апелираа за да
нема заглавени возила на Богородица, возачите за сообраќај од и кон Македонија да го
користат граничниот премин Дојран, па затоа денеска има редици возила.
Грчките земјоделци, како што веќе објави Канал 5, бараат средба со грчкиот премиер и се
додека владата не одговори позитивно на нивните барања ќе продолжат со блокадите низ
цела Грција, а не е исклучена можноста наместо прекин, да има радикализирање на
протестите.
За утре, најавија дека ќе излезат на протест кај месноста Темпи, а ако постават блокада и
таму, тогаш Грција ќе биде поделена на 2 дела, со оглед на тоа дека месноста се наоѓа на
патот меѓу Солун и Атина.
Низ цела Грција, земјоделците, веќе имаат поставено 35 блокади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top