Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски од јуни треба да се пресели во редовите на Наполи, тврдат италијанските медиуми.
Постојано се шпекулираше во изминатиов преоден рок дека Несторовски веќе зимава ќе ја промени клупската средина, но дефинитивно е одлучено да му помогне на Палермо во битката за опстанок во Серија А. Но, како што пренесуваат денеска поголемиот дел од италијанските медиуми, веќе е договорен трансферот во редовите на Наполи.
Сето тоа е веќе договорена работа меѓу челниците на двата клуба, Аурелио де Лаурентис и Маурицио Зампарини, кои се и добри пријатели и негуваат максимално блиски односи меѓу двата клуба.
Несторовски, пак, изминативе денови постојано потенцираше дека во моментов воопшто не размислува на трансфер, но е единствено фокусиран на натпреварите за својот тим.
-Не сакам во моментов да размислувам воопшто за промена на клубот. Мојата желба е опстанок оваа пролет со Палермо во Серија А, а потоа ќе видиме, ќе бидат разгледани сите опции, потенцира македонскиот голгетер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.