| четврток, 6 декември 2018 |

Капитенот на Палермо се огласи по убедливата победа, Несторовски им честиташе на своите соиграчи

Интересен начин на прослава во соблекувалната имаа Александар Трајковски и неговите соиграчи на Палермо, кои добија честитки од капитенот на тимот, Илија Несторовски кој е во фаза на рехабилитација по повредата.

Палермо се искачи на врвот од Серија Б, се’ оди според планот за екипата од Сицилија, иако за момент се стравуваше дека без капитенот Илија Несторовски е невозможно да се остварат зацртаните цели.

Токму Александар Трајковски беше еден од најзаслужните за гостинската победа на Палермо од 0-3 кај Бари, а по оваа победа се огласи и капитенот Несторовски, кој упати честитка до своите соиграчи.

„Честито момци“ гласеше пораката на Несторовски на социјалните мрежи.

Интересно, Трајковски и неговите соиграчи со семафор, кој го користат судиите, ја прославија убедливата победа во соблекувалната по мечот, на која имаше број „3“, колку што постигнаа голови.

Како што е познато, македонскиот бомбардер се здоби со сериозна повреда што ќе го оддалечи од фудбалските терени скоро еден месец, во Италија најавуваа дека би можел да се врати по зимските подготовки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top