| четврток, 6 декември 2018 |

Полиција му влетала дома, тој починал од страв

Царински инспектори и полиција влетале во семејната куќа на 64-годишен Хрват во хрватското село Долина. Акцијата се спроведувала по добиена пријава дека таму на црно се продаваат цигари и алкохол.

Пријавата се покажала лажна, но додека цариниците и полициските службеници биле во дворот, на мажот му се слошило, по што починал, пренесува хрватски „24сата“.

Обдукцијата ќе покаже кои се причините за смртта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top