| четврток, 6 декември 2018 |

Северина и Игор сослушани во полиција по пријава на Поповиќ (ФОТО)

Милан Поповиќ поднесе кривична пријава против Северина и нејзиниот сопруг поради фотографија на малиот Александар која Игор ја поставил на социјалните мрежи. Станува збор за фотографија на која петгодишниот син на Милан и на Северина е без облека.

Severina-i-Igor-Kojic-1

Четириесет и четиригодишната пејачка и Којиќ (29) се сослушани денес во Управата на криминалистичката полиција во Нов Белград, по пријавата од поранешниот сопруг, пишува српски „Телеграф“.

Severina-i-Igor-Kojic-4

 

Поповиќ пред неколку дена во едно интервју ги објасни своите прилини за поднесените тужби и пријави против Северина и Игор Којиќ.

Severina-i-Igor-Kojic-8

– Мислам дека бројот на тужби не е важен, во ваквите процеси тужбите и пријавите од двете страни се нормална работа. Битно е да се спомене дека моите тужби се насочени исклучиво за заштита на Александар и за тоа да му се овозможи растење покрај двата родители. Тужбите од страната на Северина се наменети кон тоа јас да бидам казнет и од мене да направи криминалец – изјави тој.

Severina-i-Igor-Kojic-21

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top