Одметната градоначалничка на Тетово од ДУИ, Теута Арифи, успала да купи пет стана со вкупна површина од речизи 400 квадратни метри во Скопје и два автомобила со градоначланичката плата и со професорскиот хонорар од 500 евра, покажува анкетниот лист за имотната состојба на избранте и именуваните функционери поднесен до Државната комисија за спречување на корупција.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не успеаја да формираат коалиција откако Ахмети не успеа да ги скроти градоначалниците Ахмети, Меџити и Бејта, кои, како што пишувавме, потпретседателите покажале загриженост дека постои можност на следните локални избори со кандидати Албанци од СДСМ, ДУИ да бидат поразени од партијата на Зоран Заев во најважните општини со доминантно албанско население, како Чаир, Тетово, Гостивар, Струга, Арачиново и други. Но, ако успеат да се договорат со СДСМ да се поддржуваат едни со други во различни општини, тогаш ДУИ би можела да излезе со крената глава од следните локални избори. Со други зборови дека залегнатите функционери можат да останат без удобните фотелји.
Јасно е зошто на Арифи ѝ гори под нозете и зошто не ѝ се напушта удобната и очигледно профитабилна фотелја.
Освен Арифи, во „услови на режим“ со плата од 500 евра и Мухамед Зекири успеа да купи втор стан и луксузен џип БМВ Х5.
Воопшто не е јасно како може за една година со толкава плата да се здобие толкав имот, а од друга страна да немаш пријавено никаков дополнителен приход. А ако може да му се верува на Заев, Мухамед Зекири го примил на работа за децата да не му бидат гладни, за сега наеднаш истиот тој Зекири да пријави вистинско богатсво на својот анкетен лист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Касами со докази: Теута Арифи го злоупотребувала општинскиот буџет за лични потреби
-
Манојловски: Тетовци нема да го заборават индолентниот однос на Арифи изминативе 4 години
-
ТВ Шења: Тетово и должи 2 милиони евра на компанијата „Хенкел“ за отпадот
-
Муки си кажал уште во 2015: Некои „Албанци“ за мода немаат проблем и педери да станат