| четврток, 6 декември 2018 |

Убиство во Крушевско: Продавачка со ловечка пушка застрела муштерија

policiska-lenta-ubistvo

Триесет и тригодишна продавачка пред околу 4 часа со ловечка пушка застрела муштерија во крушевското село Свето Митрани во продавницата во која работи. Според информациите на полицијата, убиството се случило изутринава под засега непознати околности.

Продавачката М.П. (33) по кратка расправија го застрелала соселанецот Н.Д.(44). Тој починал на самото место, во продавницата.

На местото на настанот се врши увид во присуство на јавен обвинител, а жената што пукала е приведена. Се утврдува мотивот за убиството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top