Многу млади луѓе се заинтересирани да заминат во западноевропските држави во потрага по повеќе пари и подобар живот. Но, еден млад Босанец, Фрањо Јаковлевиќ, се вратил од странство за сега со своето семејство на планината Захум во Босна и Херцеговина да чува овци.
– Се обидов да работам во Германија и таму мивав неколку месеци. Парите беа навистина добри, ама не беше тоа за мене. Можеби само за накратко. Но, никогаш не би се вратил, дури и да сум гладен за леб – вели Фрањо.
Она со што некогаш се бавел неговиот татко, сега и тој го работи. Семејството го издржува со помош на стадо од 320 овци кои ги чува со своите двајца браќа на нивниот имот на Захум.
– Нема тука многу пријатели, дружење, ниту недели, ниту празници. Само обврски од ден во ден. Сето тоа е добро сѐдодека не дојде моментот кога овците треба да се ојагнат. Е тогаш има еден куп работа – раскажува Фрањо.
Тој вели дека во слободното време ужива додека со својот теренец вози по планините.
– Тоа е нешто што не се опишува – верувајте ми.
На крајот на разговорот тој им порачал на младите дека ако мораат да заминат во странство да го направат тоа, но дека лебот кој се заработува таму е многу „потврд“ отколку што сите мислат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)