| четврток, 6 декември 2018 |

„Филип Шатрие“ ќе добие подвижен покрив до 2020 година

Административниот суд во Париз даде дозвола за модернизација на терените на Ролан Гарос, со што ќе се зголеми капацитетот на самите терени, а воедно ќе се постави и подвижен покрив на главниот терен, со што ќе се овозможи да се одржуваат натпревари и во моментите кога врне дожд.

Организаторите на Ролан Гарос се одушевени од таквата одлука. Целиот комплекс значително ќе биде проширен, а до 2018 година терените број 7 и број 9 ќе имаат зголемен капацитет, кој ќе изнесува 5.000 седишта.

До 2020 година ќе биде комплетирана и целосната модернизација на главниот терен „Филип Шатрие“, на кој ќе биде поставен и подвижен покрив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top