| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува на смртната постела?

Истражувачи од Универзитетот Хадаш во Ерусалим велат дека пред смртта, на постелата, на луѓето пред очи им се појавува целиот живот. Според нив ова е исклучително честа појава.

Феноменот се нарекува LRE (life review experience, т.е. искуство од прегледаниот живот). Се работи за „бомбардирање” на мозокот со низа искривени сеќавања, набиени емоции.

Научниците анализирале седум случаи на LRE и добиле различни сведоштва, но сите имале заедничка карактеристика – чувство на емоции од туѓа перспектива.

– Сум видел такви работи кои се однесуваат на мојот татко, а тој на мене ми зборуваше за своето детство и колку му било тешко – се наведува во едно сведоштво.

Научниците велат дека ќе продолжат да го истражуваат овој феномен, а сега веруваат дека се во прашање „кратки споеви” во мозокот предизвикани од се помал довод на кислород.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top