| четврток, 6 декември 2018 |

Косовската полиција уапси деветмина Срби во Грачаница

Деветмината Срби се уапсени за време на божиќната литургија во манастир во Грачаница, а истражен судија им одредил притвор од 48 часа.

Уапсените се осомничени дека противзаконски го обезбедувале директорот на канцеларијата за Косово и Метохија Александар Вулин кој беше протеран од Косово затоа што му истекло одобреното време за престој.

– Оваа група била сомнителна на косовската полиција затоа што биле во придружба на Александар Вулин. Сите биле облечени во облека во иста боја. Иако нашата служба била задолжена за неговата и општата безбедност тие биле со него. Поради тоа овие луѓе се задржани во полиција-  изјавил портпаролот на косовската полиција Брахим Садриу.

Вулин демантирал дека приведените биле во негова придружба како и дека се членови на цивилната заштита, како што претходно соопштил косовскиот министер за полиција.

Српските претставници на Косово тврдат дека се уапсени луѓе од северниот дел на косово кои немаат врска ниту со политика ниту со паралелни институции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top