Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона го нарече својот сонародник и капитен на Интер, Мауро Икарди предавник заради ситуацијата што ја предизвика помеѓу неговиот поранешен соиграч Макси Лопез и неговата сегашна сопруга Ванда Нара.
За потсетување, Ванда беше во брак со Макси во времето кога тој и Икарди играа во Сампдорија, но тоа не му пречеше на Икарди да спие со сопругата на неговиот тогаш најдобар пријател и да им го растури бракот. Токму заради тоа Мауро често е мета на критика на своите сонародници, а се шпекулира дека заради таа негова постапка до сега нема ниту еден повик во Аргеннтинската сениорска репрезентација иако игра одлично за Интер.
– Икарди е предавник. Ќе биде голем играч, но еден Батистута беше 10 пати подобар од него. Не може да седи на иста маса на ручек и да биде куќен пријател со некого за потоа да му ја земе жената. Ќе плати за тоа што му го направи на Макси, изјавил Марадона за една италијанска телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.