Италијанскиот гигант Јувентус во изминатите години е неприкосновен во Серија А, а се врати и при самиот врв на европскиот фудбал. Тоа секако се должи на добрата работа на клубот, особено на управата која низ годините влече фантастични потези и најчесто ангажира супер играчи кои се без договор или биле подзаборавени во претходната средина.
Тие потоа се препородуваат во Јуве, па затоа лидерот во Серија А се смета за специјалист за вакви трансфери, а доказ дека таа практика ќе продолжи е Сеад Колашинац.
На левиот бек му истекува договорт со Шалке по крајот на сезоната, тоа ќе го искористи калчолигашот и ќе потпише за нив. Оваа информација ја пренесе „Тутоспорт“ и во истата се наведува оти Босанецот доаѓа во Торино на медицински прегледи наредната седмица.
Со овој начин Јувентус ќе излезе како победник во битката со Антонио Конте, кој исто така го посакуваше 23-годишниот фудбалер кој годинава во 18 средби за бундеслигашот од Гелзенкирхен даде два гола и шест асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.