Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов му е најдобар другар, многу го почитува, нема поим кој е тој Стево Пендаровски и дека Македонија ниту имала, ниту ќе има претседател како Ѓорѓе.
Заев ова го изјави пред да влезе на состанок со претседателот и да го замоли да му даде мандат за да формира влада, иако СДСМ ги загуби изборите од ВМРО-ДПМНЕ освојувајќи и помалку гласови и помалку мандати.
– Како што знаете, СДСМ победи на изборите бидејќи 612.000 граѓани што гласаа за ДУИ, ДПА, Села, Кекеновски, Левица и за Зоран Заев и СДСМ не гласаа за ВМРО, што значи дека ВМРО не победи иако имаше најмногу гласови како партија, не разбирате математика, многу е едноставно, на избори само ние смееме да победиме иако ќе загубиме, но само навидум ќе загубиме, ние, секако, победуваме – објасни кратко и јасно Заев.
Тој на новинарско прашање дали не му е срам да доаѓа кај Иванов по мандат иако организираше протести и му ја запали канцеларијата на претседателот, а, исто така, и не ја признава неговата легитимност, одговори:
– Видете, значи вака, тоа не е точно, тоа е бил некој друг Заев, кој протестирал против Иванов и кој заедно со ДУИ и со Катица не го признаваме, можеби бил некој мој двојник или маскиран да бил како мене, знаете ние во Струмица се маскираме често и е можно некоја моја стара маска кога сум се маскирал во себеси некој да ја нашол и да ја злоупотребил за да го критикува овој прекрасен претседател. Навистина, Иванов е многу мил, убав човек, паметен, културен и вистински државник, кој се грижи за интересите на Македонија – изјави Заев.
– Јас сум одушевен од него. Како ме слушаше кога му зборував милно да ми го даде мандатот за влада, и да прогледа малку низ прсти сега ако немам 61 пратеник, бидејќи шо, 49 малку пратеници ле се, мале? Тој човек Иванов не е претседател, тој е цар, цар! Да ви каже Заев. Мене Господ ме црпна таму до нивите за денес Иванов да ми даде мандат и тоа е судбина – додаде Заев.
Медиумите се интересираа за ставот на Заев што во случај доколку Иванов го почитува Уставот и не му го даде мандатот:
– Па во тој случај лицето Иванов уште еднаш ќе докаже дека е продолжена рака на ВМРО и на Никола Груевски и е човек без интегритет, слеп партиски послушник, кој е против слободата, правдата и демократијата за кои се бори СДСМ, односно е против животот во Македонија бидејќи е против месијата Зоран Заев, а ако си против Заев сакаш сите во Македонија да умрат – рече Заев.
– Сепак, јас апелирам Иванов да е супер човек и да го даде мандатот кај чичо Заев, да не се праи ногу сега некаков, како да кажам, фраер на литар кубен по метар или така нешто. Само позитивно искуство имам со тај човек Иванов претседатело, верувам дека и сега ќе се одважи да е прекрасен и да си го даде мандатот кај мене или пола кај мене, пола кај Вицето, како му е позгодно – советува лидерот на СДСМ.
– Многу убаво ме аболираше, подобро аболира Ѓорѓе и од Бранко Црвенковски и од Катица. Уф, како само аболира Ѓорѓе, тоа му зборував баш, дека најубаво ми беше на душичката кога он ми даде аболиција, а не Бранко, кој е тој Бранко. Тој никогаш не ми бил омилен претседател, само Ѓорѓе го сакам јас, Бранко и Стево ги…. ајде да не ја довршувам песната, има и деца што ме гледаат на телевизор, здраво деца јас сум чичо Зочето и сум кај прецеднико, кој треба да го сакате сите Ѓорѓе Иванов, ајде да запееме сите деца „Уз маршала Ѓорѓа, јуначкога сина нас мандат че дати ооон“ – гледајќи кон камерите Заев им се обрати и на најмладите.
– Ѓорѓе вети дека ќе ми се јави секако да се чуеме од понеделник бидејќи не може од први зошто нели денес е први и ние не сме први ама ќе бидеме и мандатот ќе ни го даде Ѓорѓе премудрио и ќе направиме влада и ќе владееме вечно до крајот на времето или додека не ми се здосаде или додека имаме шо да делејме со Вицето, а после ќе отстапиме власт на кој било, ќе си седејме во хациендата на море и граѓаните ќе може на слики да гледат како добро се живее кога работеш за народо како шо ние ќе работеме. Само Ѓорѓе свети златен најзлатен добар јак да го даде тај мандато и да тераме магаарто – заврши Заев.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.