| четврток, 6 декември 2018 |

Лихштајнер одлучи, останува во Јувентус до 2018 година

stefan lihstajner

Швајцарскиот фудбалер во редовите на Јувентус, Стефан Лихштајнер одлучи да ја продолжи соработката со својот клуб за уште една сезона односно до 2018 година.

Откако беше изоставен од списокот за настап во Лигата на шампионите од тренерот Макс Алегри уште во август, тој најави веднаш дека ќе си замине бидејќи сметаше дека мора да има место за него. Во тој момент се вклучија многу клубови кои го посакуваа во своите редови, но сепак Швајцарецот остана во клубот и во шестата година од договорот.

Тој денеска заедно со управата на италијанскиот шампион стави потпис на продолжување на договорот за уште една сезона, и со тоа ќе го комплетира седум годишниот престој во Торино.

Лихштајнер е миленик на публиката на „старата дама“ бидејќи од неговото доаѓање клубот ги освои сите пет титули шампион на Италија и влезе во историјата како еден од шесте играчи кои во серија освоиле пет титули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top