Државата ќе ги субвенционира домаќинставата кои селските куќи ќе ги претворат во туристички апартмани. Газдите ќе добијат поврат на 60 отсто од трошоците за оваа намена но, не повеќе од 3 000 евра по домаќинство. Објектот мора да биде уреден согласно традицијата на крајот во кој што се наоѓа, како и да се служи храна вообичаена за тоа подрачје.
Целта на мерката е да се подобри туристичката понуда и да се развие руралниот туризам, кој според надлежните е особено интересен за странските посетители.
Аплицирањето за мерката ќе почне месецов и ќе биде по принципот прв дојден прв услужен.
Трета година по ред државата ќе ги субвенционира и угостителските објекти кои сакат да се брендираат. Доколку има потреба од нивно доуредување, 60 отсто од трошоците им се покриени. Максималната сума која можат да ја добијат е 2000 евра. Тие ја добиваат ознаката национално “грне”.
Услови за да некој ресторан или меана се брендира, односно добие пари од државата за таа намена е да служи традиционални јадења карактеристични за подрачјето во кое што се наоѓа, како и целопкупниот ентериер да биде во традиционален стил.
Повикот за оваа намена ќе биде објавен во март. И за двете мерки ќе се земат во предвид само докажаните трошоци настанати во периодот од 1 јануари годинава, до крајниот рок на аплицирање, утврден во јавниот повик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос
-
Град Скопје повторно ќе субвенционира велосипеди