Шалке 04 го победи Вардар со 3-2 во пријателскиот натпревар игран вечерва на националната арена „Филип Втори“, а најмногу потфрли публиката и навивачите на шампионот. Едвај 6-7 илјади посетители дојдоа да го видат Бундеслигашот, со квалитетни играчи како Хунтелар, Бастос, Барнета, Матип, Марица… А, капацитетот на арената е 5 пати поголем, Вардар се фали со армија навивачи, но нив ги немаше вечерва. Ниту симболичните цени од 100 и 150 денари не беа предизвик, барем да се поднаполни скопската убавица.
Натпреварот беше вистински ревијален, а гостите рутински победија. Со головите на Хунтелар, Барнета и Бастос уште по првиот дел поведоа со 3-0, а до крајот Филип Петров и Андреј Ацевски намалија на 2-3.
Крајот на мечот повторно мина со инциденти, декор што е неизбежен за македонскиот фудбал, а се судри полицијата со навивачите на Вардар на западната трибина. Требаше да биде спектакл, но целата претстава беше прескромна за да го добие тој епитет, иако гостите од Гелзенкирхен апсолутно заслужија таков третман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“