Во последниот четвртфинален натпревар, во Купот на Италија фудбалерите на Рома на својот „Олимпико“ ја пречекаа Чезена и на крајот со гол во 97. минута од пенал славеше победа од 2-1 за пласман во полуфиналето.
ленот на Серија Б, екипата на Чезена во првото полувреме беше рамноправен ривал, на моменти можеби и подобар противник и се чини заслужено на одмор се замина со реални 0-0.
За разлика од првото полувреме во вториот дел фудбалерите на Рома започнаа многу поагресивно и ја имаа контролата на играта. Како резултат на таквата игра стигна и водечкиот гол за „римската волчица“, кој беше дело на Џеко. Гостите се вратија во игра само пет минути подоцна, откако Гаритано во 73. минута израмни на 1-1.
И кога сите помислија дека ќе се игра продолженија, фудбалерите на Чезена неспретно реагираа па главниот судија во 95. минута досуди пенал за Рома, кој го реализира Тоти и донесе полуфинале за Рома.
Во полуфиналето фудбалерите на Рома за противник ќе го имаат градскиот ривал Лацио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)