По двата нерешени резултати, со Ливерпул и со Стоук, Манчестер јунајтед нанижа и трето едноподруго реми (0-0) во низа, во 23. коло од Премиер лигата на „Олд трафорд“ не успевајќи да слави ниту против фенерџијата Хал.
Четата на Жозе Мурињо се обидуваше максимално да стигне барем до еден погодок вреден триумф, но останаа неискористени шансите на Рашфорд, Мата и Ибрахимовиќ посебно во второто полувреме.
Ова реми без голови за Манчестер јунајтед значи останување на шестата позиција на табелата, со 42 бода, веќе заостанувајќи зад Ливерпул и Манчестер сити кои со 46 бода се на делба на четвртото место.
На „Британија“ стадионот во Стоук, домашната екипа поведе против Евертон со јубилејниот погодок на Питер Крауч уште во 7. минута, а Шокрос си постигна автогол пред полувремето за конечни 1-1. „Карамелите“ ја продолжија одличната серија во Премиер лигата, во која месец и половина не го знаат вкусот на поразот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)