| четврток, 6 декември 2018 |

Пролетниот дожд стана европски пролетен снег

zima-evropa-slik-02Снег ја зафати Европа во мај. Во Франција утрово во Париз беше измерена температура од едвај 3,7 степени. Таква ниска температура во овој период на годината Французите не доживеале од 1887 година, одбележува националната метеоролошка служба, пренесува БТА. Во моментов температурата во Париз е 7 степени, а во градот и околината постојано врне дожд. Целата последна недела живата во термометарот во Франција не се искачи над 10 степени.

Студениот бран ги зафати и Лондон, Амстердам, Франкфурт, соопштуваат француските метеоролози и додаваат дека сегашното студено време е резултат на поројните дождови, недоволно сонце и зимски температури. И тоа трае веќе три недели.

Во Холандија исто е регистрирана најниска температура за овој период од кога почнала таму да се мери температурата во 1901 година. На југот на Италија термометарот во Милано покажува 7 степени и 6 во Бергамо. Минатата година во истиот период измерени се 30 степени.

Во Германија месец мај не е посебно студен, но сепак грее многу помалку сонце, има 50 проценти помалку сончева светлина од вообичаено.Истото се случува и во источна Франција, каде никогаш досега не е измерено толку мало количество сончева светлина во првите пет месеци од годината – од 1 јануари досега во Дижон во просек имало по три часа светлина дневно.
Исто, невообичаено за мај се и поројните дождови. Дождот го отежна одвивањето на Канскиот фестивал во првите денови, а се очекуваат обилни врнежи и следната недела, за време на тенискиот турнир Роланд Гарос во Париз.

zima-evropa-slik-06

Во Швајцарија падна и снег во некои рамнини во некои региони. Студот е забележан и на северот од Италија и во голем дел на Словенија, како и во планинските предели на Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Француската метеоролошка служба соопштува дека значително стабилизирање на времето во Западна Европа не се очекува во следните 10 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top