| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна состојба во Словенија поради голомразица, повеќе стотици повредени

Несреќите заради замрзнатите улици и тротоари предизвикано од ниските температури, минатите неколку дена доведоа до вонредна состојба во Словенија, а само во Љубљана во вторник и среда лекарска помош побарале 420 луѓе.

Најчести повреди се скршеници, а заради пренатрупаноста во болниците, пациентите мораат да чекаат на операција.

Заради голомразицата е откажана наставата во едно основно училиште заради неговата местоположба.

Словенечките метеоролози за неделава најавуваат повисоки температури и дожд, но предупредуваат дека следната недела повторно е можен снег и температури значително под нулата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top