| четврток, 6 декември 2018 |

Масовни протести во Романија

Околу триесет илјади Романци се собраа на Плоштадот “Викторија” во Букурешт, каде што се наоѓа зградата на Владата. Тие протестираат против одобрените владини проекти за реформа во областа на правосудството, кои синоќа беа прифатени на итен состанок, соопштува телевизија Џиџи24.
Протестите почнаа уште утринава кога околу илјада луѓе се собраа на плоштадот, а со завршувањето на работниот ден бројот на демонстрантите се зголеми.

Околу 6.000 луѓе излегоа на улица во западниот град Темишвар, во централниот град Брашов се собраа околу 2.500 лица, во североисточната Јаш – 5.000 лица, а во Клуј, Сибиу и Галати демонстрантите се околу 1.000.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top