„Зошто токму Република Македонија е на удар?“ и „Зошто администрацијата на Обама би се занимавала со една мала земја како Македонија?“ беа најчесто поставуваните прашања во изминатите две години. На прашањето за Македонија се надоврза и она за Унгарија која трпеше речиси подеднакво ист, но не толку валкан, удар како што беше во Македонија.
Под удар не беа Македонија и Унгарија, под удар беше целиот регион од страна на администрацијата на Обама контаминирана со гледиштата на Хилари Клинтон и финансиерот Џорџ Сорос. Македонија и Унгарија беа на удар бидејќи политиката на владите во овие две земји го држеше регионот стабилен.
Република Македонија и Унгарија се стартната и крајната точка на атрактивната „балканска рута“ која ја користат мигрантите од Блискиот Исток. Доколку ја изземеме Грција, која е членка на Европската Унија, Република Македонија е почетната точка на „балканската рута“ и воопшто на европскиот континент, додека Унгарија е последната точка на „балканската рута“ и стратна точка кон Западна Европа. Просторот помеѓу Македонија и Унгарија, или речиси целиот Балкан, зависи од политиките на овие две држави.
Интересно е прашањето зошто мигрантите не се пренасочуваа преку Албанија, зошто токму преку Македонија? Веќе е јасно дека Еди Рама е во одлична релација со Џорџ Сорос преку поранешната сопруга Делина Фицо која во наредните 5 години ќе дели 9,5 милиони евра од фондот на УСАИД наменети за невладини организации во Македонија кои се под капата на Сорос. Треба да се одговори и на прашањето, зошто во Албанија не беа јавно објавувани прислушувани телефонски разговори како што се направи тоа во Македонија? Ако претпоставиме дека разговорите не биле пуштани заради добрите релации помеѓу Сорос и Рама, тогаш се отвара друго прашање, дали Џорџ Сорос одлучува во која држава ќе се објавуваат или нема да се објавуваат незаконски прислушувани разговори? Доколку Џорџ Сорос поседува моќ да одлучува за вакви крупни прашања, тогаш неизбежен е заклучокот дека Сорос е директно вмешан во прислушкувањето во Република Македонија.
Во ноември 2014 година, невладините организации како „Метаморфозис“, „Младински центар за европско образование“, „Младински образовен форум“ и други, сите под капата на фондацијата на Сорос, „Отворено општество“, ги започнаа студентските протести. Овие протести беа почеток на вештачки искреираната политичка криза во Македонија. Во 2014 година, непосредно пред изборите, Метаморфозис од фондацијата „Отворено општество“ добила финансиски средства во висина од 11,640,042 денари, додека пред почетокот на протестите во оваа организација биле долеани 1,799,890 денари, „Младинскиот центар за европско образование“ во 2014 година добил 2,531,575 денари, а непосредно пред протестите биле долеани уште 782,775 денари, додека „МОФ“ пред протестите добиле 130,288 денари, но пред изборите во 2016 година им биле префрлени 4,166,788 денари. Вака добро исплатените „невладини“ организации, под плаштот дека се борат за студентски права, започнаа со кампања која требаше да генерира незадоволство кај младата популација во државата. Преку создадениот т.н. студентски пленум, младите луѓе кои беа регрутирани од МОФ се распределија низ разни невладини организации во државата. Активностите на овие организации се сведуваат на обучување на млади луѓе како да поттикнуваат активизам во своите средини и како да постапуваат при големи протести. И една од долгорочните цели е инфилтрирање на млади Албанци во СДСМ кои послужија како даден сигнал за албанските гласови кои се влеаа во оваа партија, тоа беше најавено со забраната за истакнување на државното знаме на протестите кои ги организираше „студентскиот пленум“.
Мрежата на овие невладини организации во даден момент синхронизирано ја пренасочува својата активност и цели за кои постојат. Во екот на мигрантската криза на македонско-грчката граница, активистите на овие невладини организации делеа летоци помеѓу мигрантите во кои детално им посочуваа како илегално да ја преминат границата и како да се движат низ Македонија, притоа Албанија беше изземена од апелите на невладините.
Република Грција ги користи мигрантите како најсилно оружје за притисок врз Република Македонија преку кои гледа можност да ја уценува владата во однос на спорот со името на Република Македонија.
За админстрација на Обама и Хилари Клинтон, Албанија со Еди Рама, Грција и СДСМ, заеднички именител е Џорџ Сорос.
Целиот план за уривање на Никола Груевски е со цел да се промени името на Република Македонија по што би следело имплементација на платформата која ја промовираа албанските политички партии во Македонија а истата им ја состави пријателот на Џорџ Сорос, Еди Рама. Знаејќи ги барањата од платформата, промената на името со себе ќе повлече и промена на сите симболи на Република Македонија а истите од Македонија ќе направат држава во која живеат граѓани. Тој толку спомнуван термин „граѓани“ од страна на опозицијата и невладините организации си има своја цел, на сите нас треба да ни влезе во глава дека ние сме граѓани и ништо друго, дека не сме Македонци, туку граѓани кои се дел од едно „отворено општество“ во кое нема место за идентитети. Или како што вели соросовата идеологија, а истото ни го соопштува Најчевска, ние треба да бидеме „земјани“ и да се откажеме комплетно од нашиот идентитет во името на едно „отворено општество“.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.