МВР денеска очекува да пристигнат новите лепенки со кои се потврдува регистрацијата на возилата, откако во текот на јануари на возачите при регистрацијата им се издаваа стари налепници, за 2016 година, со напомена дека треба да ги залепат нив, наместо идентичните, залепени во текот на минатиот јануари.
Лепенките би требало да пристигнат денеска и потоа да се дистрибуираат на шалтерите на МВР во станиците за технички прегледи. МВР порачува дека не е проблем што граѓаните ќе ги управуваат своите возила со стари налепници, оти најдобриот доказ за регистрација е печатот во сообраќајната дозвола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Со новиот закон се воведуваат еколошки налепници, еве како ќе се категоризираат возилата
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи