| четврток, 6 декември 2018 |

Под дејство на „дрога за силување“ – снимка од актерката додека вреска на тераса!

Тешко е да се поверува дека некогашната млада надеж на Холивуд, за која сите зборуваа, дошла во ваква ситуација.
Актерката Миша Бартон пред неколку дена била хоспитализирана откако наводно ја дрогирале на роденденска забава. Сега е објавена снимка на која се гледа како актерката вреска на тераса.
Миша викала дека мајка ѝ ѝ го уништила животот, дека нејзиниот живот е пекол, а нејзините крикови ги слушнале соседите, кои се уплашиле за неа.
Во еден момент Миша паднала, по што дошла Брза помош.
За потсетување, ѕвездата од серијата „Округот Оринџ“ после два дена излегла од болница и изјавила дека некој ѝ ставил дрога за силување во пијалокот.
Порталот „ТМЗ“ дошол до снимка на која јасно се гледа дека актерката е во многу лоша состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top