Бранислав Ивановиќ по девет години го напушти Челси откако вчера потпиша за рускиот шампион Зенит од Санкт Петербург. Капитенот на српската репрезентација, Ивановиќ, договори три и пол годишна соработка со Зенит, а иако финансиските детали не се соопштени, според шпекулациите тој годишно ќе заработува по пет милиони фунти.
Челси му дозоволи на Ивановиќ како слободен играч да се врати во Русија, иако со лондонскиот клуб имаше договор за уште шест месеци.
Дефанзивецот ќе остане запаметен по добрите игри на десната бековска позиција во Челси, каде одигра 376 натпревари (261 во Премиерлигата), а постигна и 34 гола. Тој со Челси освои една титула во Лигата на шампионите, Лига Европа и Лига купот, два во Премиерлигата и три во ФА купот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.