| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ се разведува, Кемиш ја изневерува Зорица – прорекува естрадниот видовник

prorok

Големите ѕвезди на естрадата и спортот повторно се тема на претскажување на разните лица кои се декларираат како видовити. Еден од  нив е Раде од Младеновац кој тврди дека многумина ги очекуваат секс скандали, банкроти, измами и болести.

-Кај мене доаѓа речиси целата естрада, политичари, но и актери. Бараат помош, совет, прорекување на судбината – вели Раде Живановиќ за српските медиуми.

После балканскиот Нострадамус Мевлудин, кој своите пророштва ги откри на Пинк во емисијата „Амиџи шоу“ и Раде реши да го открие она што му се претскажало за најголемите ѕвезди на српската естрада.

-Гледам дека Лепа Брена мора да обрати внимание на здравјето. Следните месеци ќе бидат баш турбулентни. Ќе има тегоби, а состојбата ќе и се влоши кога Мирослав Илиќ ќе ја открие нејзината голема тајна. Аца Лукас има големи долгови, се ќе мора да врати, баш ќе има големи проблеми – тврди Живановиќ.

Тој го проучувал и животот на Гоца Тржан и Ана Николиќ.

-Гоца Тржан мора малку повеќе да гледа на себе, а не на љубовта. Таа е добар човек, но ќе има многу проблеми. Ќе ја бркаат уште 2-3 млади момчиња и ќе биде на големи маки. Што се однесува до Ана Николиќ

гледам дека таа  и понатаму ќе има проблеми со алкохолизмот, а во јули ќе биде повлечи-потегни поради разводот со маж и – открива Раде.

Тој уште на еден естраден пар му предвидува голема криза.

-Кемиш и Зорица ќе бидат на голем тест, откако Зорица ќе дознае со која жена Кемиш ја изневерувал. Сепак не гледам дека ќе се разделат – нагласува Живановиќ, кој тврди дека најдобриот српски тенисер е во голема опасност.

-На Новак му пакуваат афера, а целта е развод од Јелена. И тој развод е многу извесен, доколку Ноле не промени некои работи во животот- тврди пророкот од Младеновац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top