| четврток, 6 декември 2018 |

Милионер подарува стан вреден 140 илјади долари

Британскиот милионер Марко Робинсон одлучил некому да му подари целосно наместен стан. Среќниот добитник ќе се одбере преку документарна емисија на британската телевизија Channel 4, пишува „Мирор“.

Робинсон вели дека во детството бил сиромашен и дека тој и неговата мајка често спиеле на клупи во парк. Денес во своја сопственост има повеќе од 150 недвижнини ширум светот, а трисобниот стан кој го подарува се наоѓа во Престон, град во близина на Манчестер. Милионерот на новиот сопственик ќе му исплати и пари за комунални услуги.

Тој вели дека одлуката ќе биде тешка бидејќи има многу кандидати.

– Не сакам да му го дадам некому кој само би ја искористил мојата добрина. Се надевам дека со овој гест ќе инспирирам и некои други богаташи – заклучил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top