Денеска и утре ќе се одигра 23.коло во Премиер лигата кое ќе донесе неколку занимливи пресметки од кои секако се издвојува дербито на „Енфилд Роуд“ меѓу Ливерпул и Челси.
Меѓутоа пред возбудувањата кои следат дружината на британски „токспорт“ се реши да направи листа на играчи кои сезонава немаат пропуштено ниту една минута во најсилното натпреварување.
Да, такви има доста иако веќе е одиграна повеќе од половина од оваа кампања, но дури 13 играчи немаа пропуштена ниту една минута на премиерлигашки фудбал. Тие засега комплетно ја имаа довербата на тренерите, не се заменети, не се повредиле или биле суспендирани.
Минатата сезона тоа им успеа само на Каспер Шмајхел, Вес Морган и Ендрју Шурман, додека пак годинава во тоа друштво засега се:
-Цезар Азпиликуета (Челси)
-Стив Кук (Бурнeмаут)
-Тибо Куртоа (Челси)
-Вес Морган (Лестер)
-Лукаш Фабијански (Свонси)
-Давид Де Хеа (Манчестер Јунајтед)
-Бен Гибсон (Мидлсброу)
-Мајкл Кин (Барнли)
-Фрејзер Фостер (Саутемптон)
-Герет Меколи (ВБА)
-Петр Чех (Арсенал)
-Бен Ми (Барнли)
-Бен Фостер (ВБА)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период