| четврток, 6 декември 2018 |

Фонтанa како водна завеса на новиот плоштад „Скендербег“: Еве како ќе изгледа…

Градежните работи за реализација на втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“ се пролонгираа и новите најави од Општина Чаир се дека треба да завршат до мај годинава. Изместувањето на роковите било причина да се потпише нов анекс-договор, кој, како што тврдат надлежните, нема дополнителни финансиски оптоварувања. Целокупната финансиска конструкција за комплетниот изглед на плоштадот беше предвидено дека ќе изнесува 10 милиони евра.

startuva-premostuvanjeto-na-ploshtadot-skenderbeg-193372

Првата фаза од плоштадот се реализираше во делот над угостителските објекти на влезот од Чаршијата, а по завршувањето на втората и премостувањето на булеварот, освен поврзување на Чаир со Центар ќе се добијат и нови приближно 8.000 квадрати површина. Градежните зафати на плоштадот ги изведува „Бауер БГ“. Основниот проект го изработи скопското друштво за градежништво „Урбан стил инженеринг“.

plostad_skenderbeg_v3_viz0207

Надлежните имаат неколку оправдувања зашто втората фаза не заврши до Нова година, а едно од нив се временските услови. Штом ќе заврши втората фаза, ќе започне изградбата на подземниот паркинг со јавно-приватно партнерство. Од Чаир информираат дека за подземното паркирање веќе е изработена и студијата за економска оправданост, на која е потпишана фирмата „Таргет-комуникации“.

 

извор: Скопјеинфо.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top