Британецот што беше бездомник, а сега е милионер, реши да им помогне на луѓето што се наоѓаат во слична животна ситуација во каква што бил и тој некогаш.
Марко Робинсон(48) подарува сосема опремен трособен стан, кој вреди 150.000 евра, во градот Престон во Ланкшир.
Тој снима документарна серија и во следните шест недели ќе го одбере победникот.
-Луѓето кои сакам да ги видам во станот треба да бидат луѓе на кои им е неопходен дом, кои сакаат сигурност и засолниште и кои сакаат повторно да се почувстуваат значајни. Тоа мора да бидат луѓе на кои очајнички им е потребен дом, а никој не сака да им помогне – рекол тој.
Сите заинтересирани можат да се пријават, но неопходно е да имаат британско државјанство, да живеат во Велика Британија и да се полнолетни.
Робинсон вели дека тој е подготвен да плаќа данок на станот, додека биде потребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.