На насловната страница на босанскохерцеговскиот неделник „БХ Дани“ е објавена фотографија на атрактивната актерка Анџелина Џоли со наслов „Што е жена без гради“. Ваквата насловна страница предизвика бурни рекации кај јавноста. Многумина се зачудени од ваквата одлука на неделникот, особено тргнувајќи од фактот дека медиумот има жена за главен уредник, Џенана Каруп Друшко.
-Ваквата насловна се појави откако Џоли направи операција за отстранување на градите поради тоа што постоел ризик од 87% да добие рак на дојка поради присуството на генот БРЦА1. Мајката на Анџелина Џоли починала на свои 56 години од рак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


