Едно лице загина, а две се повредени откако два автомобила пропаднаа во дупка која преку ноќ се отворила на среде улица во американскиот град Сан Антонио. Дупката се проширила преку целата улица, поради што пукнал и одводот на канализацијата. Дупката достигнала длабочина до 6 метри, а веднаш по отворањето почнала да се полни со вода, поради што не можело да ѝ се помогне на жената која била во првиот автомобил.
Нејзиното тело е извлечено и подоцна било идентификувано дека се работи за заменик-шерифот на округот Бекстар, Дори Линди Нишихара.
Набрзо по првиот, влегол и вториот автомобил од кој минувачка извлекла 60-годишен маж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.