Во вчерашната емисија „Во центар“ новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов и Митко Чавков разговараат на тема изборите на 11 декември и помагањето на одредени криминални структури во изборната кампања на СДСМ.
Со ниту еден контингент македонски гласови не може да се намали разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, особена онаа која беше постигната на изборите во 2014 480.000 наспрема 280.000 гласови, па остануваат на располагање ромски, делумно турски и во најголем дел албански гласови, анализира Ефтов. Тој смета дека радикалните структури тука и го прават превратот, во Студеничани, Чаир, упориштата на ДУИ. Одредени команданти кои се уценети и одредени криминални милјеа на кои им било ветено дека ќе им бидат укината кривични пријави се структурите кои ја деструктуираа ДУИ.
Запрашан дали има докази дека косовски криминални стурктури и косовски пари учествувале во избори и вршеле влијание врз македонски криминалци Чавков потврдува и вели дека систематска истрага ќе даде одговори на многу прашања поврзани со изборни нерегуларности и со корупција при изборниот процес:
– Имаме информации дека луѓе кои што беа инволвирани во организацијата на протестите, луѓе кои беа инволвирани и во кампањата на СДСМ, апсолутно припаѓаа на овие криминални структури и потекнуваат од тоа криминално милје. Според информациите влезени се и црни пари, меѓутоа со една темелна и систематска истрага, јас се надевам и сум оптимист дека ќе се дадат одговори на многу прашања поврзани со изборни нерегуларности и со корупција при изборниот процес.
Ефтов се сомнева дека криминалните структури од Арачиново или од Грчец гласале за правна држава во Република Македонија и затоа не гласале за ДПА и ДУИ, туку гласале за СДСМ. Или дека оние структури кои живеаат во Танушевци, Малино Маало или Брест гласале за СДСМ бидејќи се залагале за евроинтеграции во рамки на Република Македонија.
–Тоа е обландатата која сега сака да ни се продаде како одредена шарена лага. Не! Апсолутно тука станува збор за еден многу сериозен проект, проект со многу пари и зад кој стојат одредени неформални невладини или други политички структури кои делуваат надвор од матичните држави и кои сакале да постигнат не одредени идеолошки премиси туку класични финансиски и безбедносни резултати на одреден простор на Балканот или во Југоисточна Европа, дополнува Ефтов во врска со вмешаноста на криминални структури во кампањата на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)