Селекторот на „А“ репрезентацијата на Македонија Чедомир Јаневски го објави списокот на играчи за двата контролни натпревари против Шведска на 3. јуни во Малме и против Норвешка на 11. јуни во Осло. На списокот го нема Горан Пандев поради повреда, а ќе дебитира екстра-талентираниот Давид Бабунски, член на младинскиот тим на Барселона.
Дарко Глишиќ, Давид Бабунски, Јасмин Мециновиќ, Кирче Ристовски и Марко Павловски се нови имиња во најдобрата македонска селекција. Поради повреда Горан Пандев не е во составот на Јаневски за двата гостински натпревари.
„Сметам дека играчите кои се повикани имаат квалитет да бидат дел од силните контролни натпревари во Малме и Осло. Ваквите натпревари ни се потребни фудбалерите да стекнат самодоверба. Во двете пресметки шанса за настап ќе добијат неколку нови фудбалери, ги следевме нивните настапи и сметам дека имаат потенцијал да бидат дел од најдобриот состав. Нашата најважна улога е да пратиме порака дека сите се активни членови на репрезентацијата. Во изминатиот период ја анализиравме играта и настапите на фудбалери кои настапуваат во различни клубови, на различни позиции, а имаат мотив и желба да играат за Македонија. На списокот на потенцијани репрезентативци се наоѓаат играчи кои навистина можат да помогнат. За некои од нив е потребно да се запазат одредени административни процедури, но гледаме позитивно. Се наоѓаме во период кога завршуваат националните првенства. Фудбалерите се можеби физички и психолошки заморени, но така е за сите. Треба да се фокусираме на тимскиот дух, ако тоа го направиме, играчите на теренот ќе се соочат со предизвикот во секоја ситуација. Се надевам дека во Малме и Осло ќе го претставиме македонскиот фудбал на вистински начин“, изјави селекторот на нашата репрезентација, Чедомир Јаневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Шведскиот Парламент не ја изгласа предложената коалициска малцинска влада
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја


