Четириесет и четиригодишната Американка К.Ј.Г. со живеалиште во Скопје заработила тешки повреди откако вчера вечерта се лизнала додека се симнувала од автобус на ЈСП.
-Истата се превезувала со автобус на ЈСП. Кога автобусот застанал на автобуска постојка на ул. „Ѓорче Петров“, при симнувањето од автобусот К.Ј.Г. се лизнала и паднала на тротоарот. Од страна на лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, по што била препратена на Клиниката за максилофацијална хирургија. Над истата е извршено алкотестирање, при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 3,39 промили алкохол – информираат одМВР.
Од страна на екипа од СВР Скопје извршено е фотографирање на автобусот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.