Победникот на Австралија опен, Швајцарецот Роџер Федерер, се врати меѓу топ-10 светските тенисери на најновата листа на АТП и со сигурност ќе напредува во првата половина од сезоната бидејќи како што стојат работите здравјето одлучно го служи и повредите поради кои отсуствуваше во поголемиот дел од минатата се веќе минато.
На врвот во светскиот тенис останува Британецот Енди Мареј, кој ја зголеми предноста на листата на АТП во однос на Србинот Новак Ѓоковиќ по Австралија опен. Иако двајцата беа елиминиранеи во раната фаза на турнирот, нема поголеми последици за Мареј, а голем удар претрпе Ѓоковиќ.
1.175 бодови е предноста која ја има Мареј пред Ѓоковиќ и најголема разлика меѓу двајцата, откако Британецот го презеде приматот.
Станислас Вавринка се врати на третото место, а финалистот од Австралија опен Рафаел Надал напредуваше од деветтата на шестата позиција.
АТП листа:
1. Енди Мареј (Велика Британија) 11.540
2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 9.825
3. Стен Вавринка (Швајцарија) 5.695
4. Милош Раониќ (Канада) 4.930
5. Кеи Нишикори (Јапонија) 4.830
6. Рафаел Надал (Шпанија) 4.385
7. Марин Чилиќ (Хрватска) 3.560
8. Доминик Тим (Австрија) 3.505
9. Гаел Монфилс (Франција) 3.445
10. Роџер Федерер (Швајцарија) 3.260.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.