| четврток, 6 декември 2018 |

ПССЕ: Грција да престане да ги блокира македонските интеграции

а николовски пссеМониторинг комисијата на ПС на Советот на Европа (ПССЕ) ги разгледа нацрт резолуцијата и нацрт препораката за постмониторинг дијалогот со Република Македонија за исполнување на обвските преземени при приемот во Советот на Европа. Мониторинг комисијата е најбитна комисија во ПССЕ и по усвојувањето, документот ќе се најде на пленарна седница на летната сесија на ПС на СЕ.

Известителот за Македонија, британскиот пратеник Роберт Волтер во целиот текст употребува Македонија и Македонци.

ПССЕ дава јасен став дека иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ и презентира досега најасен став околу ова прашање како и блокадата на интеграциите од страна на Грција.

“ПССЕ жали што прашањето за името продолжува да го одложува отварање на преговори за членство со ЕУ, иако за тоа има препораки од ЕК секоја година од 2009-та досега, како и обидот на Македонија за членство во НАТО, и притоа Грција не ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата. ПССЕ се надева дека Грција ќе примени и прифати пофлексибилен приод кон решавање ова прашање. ПССЕ ја кани Македонија да го продолжи дијалогот под покровителство на ОН за решавање на прашањето на името, како и да развива конструктивни односи со соседите, со тоа придонесувајќи за целокупната стабилност на регионот“, стои во резолуцијата.

Според Шефот на македонската делегација, Александар Николоски ова претставува досега најсилна и најјасна порака до Грција дека треба да престане да го користи прашањето за името за блокирање на волјата на македонскиот народ за на Совет на Европа.

Биле одбиени амандманите на грчките пратеници, кои се однесувале на целосно бришење на погоре цитираниот дел од текстот, а потоа и за додавка со која би се изедначила вината за нерешавање на спорот околу името. Првиот обид не добил ни еден глас од страна на членовите на Мониторинг комисијата. Вториот пат пак не било прифатено зашто Мониторинг комисијата јасно зазела став дека најголема одговорност лежи кај Грција пред се со непочитување на одлуката на Меѓународниот суд на правдата од Хаг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top